Кристофер беше трет син на Толкин и беше добро познат меѓу обожавателите на неговиот татко. Во текот на својата младост, Кристофер покажал голем интерес за работата на неговиот татко. Тој дури и продолжил да го уредува и објавува неговиот необјавен материјал, вклучувајќи ги „Силмарилион“ во 1977 година и „Падот на Гондолин“ во 2018 година
Кристофер Толкин, син на легендарниот автор на „Господарот на прстените“, Џ.Р.Р. Толкин, почина во четвртокот, на своја 95-годишна возраст, пренесуваат од „Друштвото Толкин“.
Кристофер беше трет син на Толкин и беше добро познат меѓу обожавателите на неговиот татко. Во текот на својата младост, Кристофер покажал голем интерес за работата на неговиот татко. Тој дури и продолжил да го уредува и објавува неговиот необјавен материјал, вклучувајќи ги „Силмарилион“ во 1977 година и „Падот на Гондолин“ во 2018 година.
Роден во Лидс, Велика Британија, Толкин служел во војската, придружувајќи им се на Кралските воздухопловни сили за време на Втората светска војна. По војната, се вратил дома да ги заврши студиите на англиски јазик на колеџот „Тринити“ во Оксфорд, подоцна предавајќи на староанглиски, средноанглиски и староисландски во истото училиште. Шон Ганер, претседател на „Друштвото Толкин“, на својот твитер-профил објави: Како претседател на „Друштвото Толкин“, ова сигурно мора да е најтажниот ден за мене и за сите нас. Кристофер Толкин беше титан на фантазијата и неговото наследство ќе живее вечно. Намарие, Толкин! („Намарие“ значи „Збогум“ на еден од измислените елфски јазици во делата на Толкин) – напиша тој.
Твитер-профилот на идната серија на Амазон „Господар на прстените“ исто така му оддаде почит на Толкин.
– Придонесите на Кристофер Толкин за светот и за Средната земја се непресметливи. Ние сме бескрајно благодарни за неговата страст. Ќе ни недостига! – објавија тие.
Имотот на Толкин го надгледуваат неговата сопруга Беили Толкин и внукот на Толкин, Мајкл Џорџ Реуел Толкин.