Со претставата „Странци“, Драмскиот театар од Скопје денеска ќе учествува на меѓународниот фестивал „Рута“ (Регионална унија на театри) во Подгорица.
Фестивалот има цел поврзување на шест репрезентативни куќи од поранешна Југославија во естетска, репертоарска и организациска смисла. „Рута“ ја сочинуваат: Младинско гледалишче – Љубљана, Театар Улисис – Загреб, Камерен театар 55 – Сараево, Градски театар – Подгорица, Драмски театар – Скопје и Београдско драмско позориште – Србија.
„Странци“ е во режија на Нела Витошевиќ, а учествуваат актерите: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ и Предраг Павловски. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска, сценограф Костантин Трпеноски, костимографка Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на композиторот Огнен Анастасовски.