Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација се уште трае и може да се гласа до 30 декември на овој линк https://cineuropa.org/en/felaprofile/380513/#cm.
По третпат, Европската мрежа на комисии за филмови (EUFCN), во соработка со филмскиот портал Cineuropa , го организира изборот за најдобра европска локација за филм во филмската и ТВ-индустријата. Во првата фаза од натпреварот, секоја членка на EUFCN номинираше една локација од нивниот регион, односно земјата којашто е преставена во филмот, ТВ сериите или документарниот филм објавен помеѓу јануари 2018 и јули 2019 година.
Десетте локации во конкуренција за награда, од кои сите ја истакнуваат убавината и разновидноста на Европа, се:
Хрватска: Завршје -Piemonte d’Istria / Istria Film Commission, Robin Hood – Otto Bathurst
Грција, Атина: Hellenic Film Commission, The Little Drummer Girl – Chan-wook Park
Литванија, Вилнус: Vilnius Film Office, Chernobyl – Craig Mazin
Германија, Delphi Theatre : Berlin Brandenburg Film Commission, Babylon Berlin – Henk Handloegten, Tom Tykwer, Achim von Borries
Македонија, Дорфулија: Macedonia Film Agency, (Медена земја) Honeyland – Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov
Шпанија, El Hierro : Canary Islands Film, Hierro- Jorge Coira
Ирска, Luggala : Screen Ireland, Vikings – Мichael Hirst
Украина, Lviv : Lviv Film Commission, Eva.Stories – Mati Kochavi, Maya Kochavi
Италија, Rocca Guidonesca di Rocchettine / Roma Lazio Film Commission, Il Nome della Rosa – Giacomo Battiato
Белгија, Royal Brussels: Screen.Brussels, Les Miserables – Tom Shankland.