Во паркот на Младинскиот културен центар во Скопје, на 30 јуни (среда), ќе се одржи светската премиера на „Проблемот на Тина“ – новиот краткометражен филм на Радован Петровиќ, со почеток од 21 часот. Филмот работен по сценарио на Румена Бужаровска, а во продукција на „Партизанс“, раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед. Главните улоги ги толкуваат: Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска и Емилија Мицевска-Трајковиќ.
Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценографка Илина Ангеловска, костимографка Жаклина Крстевска, шминкерка Ирена Сенокозлиоска, дизајн на тон Ненад Стефаноски и Драган Спасов, а монтажери Радован Петровиќ и Вардан Тозија.
Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.