Што ако оваа снежнобела лага, која ја раскажуваме секоја година, беше втемелена во античка реалност, чии корени одат десетици илјади години назад во огромните шуми на Сибир? Нашата современа слика за Дедо Мраз како буцкаст и весел лик со бела брада, облечен во црвена наметка со бели рабови е модерна верзија на архетипскиот шаман
Една алтернативна фантастична теорија за потекло на Дедо Мраз вклучува психоделични печурки и шамански ритуали на домородните Лапонци што живеат во северна Финска. Филмскиот режисер од Бруклин, Метју Салтон, сними краткометражен филм, кој ја разоткрива древната врска помеѓу Дедо Мраз, шаманите и психоделичната печурка аманита мускарија.
Модерната претстава за Дедо Мраз отсекогаш ги вклучувала древните пастири на сибирски ирваси. А нивната шаманска религија се врти околу психоактивната печурка, шарената црвено-бела аманита мускарија. Иако повеќето луѓе кога се споменува Божиќ веднаш помислуваат на класична божиќна прослава, вистината е дека повеќето симболи поврзани со Дедо Мраз се засноваат на верските традиции на претхристијанска Европа.
На Бадник, кога улиците се прекриени со снег, а светот стивнува, родителите на своите деца им ја раскажуваат приказната за Дедо Мраз. Тие дискретно си намигнуваат додека раскажуваат за веселите стари елфови, облечени во црвено и бело од глава до петици. А Дедо Мраз патува низ целиот свет во една ноќ, во санка влечена со летачки ирваси. Тој постигнува да го посети секој дом и да постави подароци под елката, празнично украсена со шарени украси и ѕвезда на врвот.
Но што ако оваа снежнобела лага, која ја раскажуваме секоја година, беше втемелена во античка реалност, чии корени одат десетици илјади години назад во огромните шуми на Сибир? Нашата современа слика за Дедо Мраз како буцкаст и весел лик со бела брада, облечен во црвена наметка со бели рабови е модерна верзија на архетипскиот шаман. Всушност, дури и денес некои мажи шамани и женски собирачи на печурки сè уште се облекуваат во церемонијални црвено-бели јакни кога одат по светите печурки. Биохемиските ефекти на халуциногената печурка сома се најпријатни и трансформативни, кога таа е исушена пред да се консумира. Поради оваа причина, шаманите ги врзуваат габите на гранки од борови дрвја за да се исушат. Така тие личат на шарени лампиони што ја украсуваат елката.
По завршувањето на жетвата на печурките, шаманот ги собира своите подароци во вреќа, ги става на санката влечена од ирваси и ги носи во јуртата (слично како санката на Дедо Мраз, полна со играчки, влечена од летачки ирваси). Јурта, пак, е живеалиштето на номадот, најчесто направено од гранки од бреза и кожа од ирвас. Во зима, се случува снежните наноси да го блокираат главниот влез на јуртата, па шаманот мора да влезе низ дупката за чад на врвот од домот (како што се спушта и Дедо Мраз низ оџакот), за да им ги достави своите подароци на членовите на кланот.
– Па зошто луѓето внесуваат борови дрвја во нивните домови, редејќи црвени и бели пакети под нивните гранки, како подароци за да ја покажат својата љубов едни кон други, како и за да ги покажат љубовта кон бога и дарот од животот на неговиот син? Тоа е така затоа што под боровите е точната локација во дивината каде што може да се најде оваа „најсвета“ печурка аманира мускариа – пишува Џејмс Артур во својата книга „Печурките и човештвото“.
Аманира мускариа е црвено-бела волшебна печурка, која расте речиси исклучиво под борови дрвја. Нејзината главна психоактивна состојка е мускимол, а има и мали количества ДМТ, ентеоген природно произведен во епифизата на мозокот.
За дополнително сушење на печурките, членовите на кланот ги обесуваат наоколу околу огнот, а следното утро тие се будат со ритуална гозба со сушени магични печурки (како божиќните подароци поставени во чорапи над огништето).
Откако ќе ги изедат печурките, славениците се превезуваат во мистичното кралство на космичкото стебло, водени од духовите што живеат во печурките (помошници на Дедо Мраз, џуџиња што живеат на Северниот Пол).
Но векови подоцна, кога паганските божества биле демонизирани од средновековната црква, шаманскиот рогаст бог на ирвасите станува ѓаволот на христијанството.
И така Дедо Мраз станува сатана. Постојат изобилство докази околу Исус и христијанството, кои се базираат на употреба на психоделичната печурка. Британскиот археолог Џон Марко Алегро станал познат по својата работа во дешифрирањето на „Свитоците на Мртво Море“ и ја напиша книгата „Светата печурка и Крстот“ за древните врски.