Со гала-концерт што вечерва ќе се одржи во големата сала од Центарот за култура во Кичево, 20 години од своето постоење ќе одбележи КУД „Младост“. Низ ова друштво, кое е формирано на 4 септември 1999 година, продефилирале над илјада игроорци, музичари и пејачи, кои одржале над 250 концерти во земјава и во странство. Во овој период имале публика од 30 илјади гледачи, а најмногубројна публика била присутна на фестивалот во Бодрум, Турција, каде што присуствувале седум илјади посетители. Друштво се претставило во Бугарија, Србија, Албанија, Турција, Босна и Херцеговина, Хрватска, Полска и во други земји.
На вечерашниот концерт ќе бидат претставени игри од Преспа, Повардарие, сплет народни ора, „Малешевка“, „Бувчанка“ и многу други, а гости ќе бидат вокалните солисти Дарко и Бране Стојаноски, Дарко Талески, Мики Данилоски и групата „Бели мугри“. По концертот ќе бидат им врачени благодарници на игроорци што во друштво членуваат повеќе години и на други личности заслужни за растот на друштвото.