Годинава добитници на меѓународната награда „Гоцева мисла“ се Кирил Темков од Филозофскиот факултет во Скопје и на Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз.
Доделувањето е во рамките на Фестивалот на чајот и читањето, а свеченоста ќе се одржи во културниот центар „Феникс“ в понеделник напладне, во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.
Наградата ја доделува фондацијата „Македонија презент“, која соопшти дека годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.