Националната опера и балет и оваа година ќе биде дел од програмата на 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ со „Гала оперски концерт“ на 15.7.2019 со почеток во 21 часот, во
предворието на црквата Св. Софија – Охрид.Настапуваат солистите на Националната опера и балет: Весна Ѓиновска Илкова, Борис Трајанов, Благој Нацоски, Наде Талевска, Ирена Кавкалевска, оркестарот на НОБ под диригентска палка на Бисера
Чадловска, а концерт мајстор е Климент Тодорски.На фестивалот „Охридско лето“ редовни гости се солистите, диригентите и ансамблите на Националната опера и балет. Впрочем, првиот настан на „Охридско лето“ на 4 август во далечната 1961 година
е солистичкиот концерт на оперската Примадона Aна Липша – Тофовиќ – мецосопран. Тој податок кажува доволно за посветеноста и респектот што ансамблите на Националната Опера и Балет го имаат кон фестивалот „Охридско лето“.