На свеченоста што се одржа по повод јубилејот – 15 години на Форумот на словенски култури, Гордан Николов, директорот на Музејот на Македонија, од страна на директорката на Форумот, Андреја Рихтер, беше назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури. Македонија е членка на Форумот од неговото основање, а Гордан Николов во својство на претставник на нашата држава е член на програмскиот колегиум на Форумот и член на жирито за доделување на наградата „Жива“.
– Николов е назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури поради исклучителниот и скапоцен придонес за препознатливоста на установата и воспоставувањето на меѓусебни врски меѓу словенските култури – велат од музејот.
Петнаесетгодишниот јубилеј на Форумот на словенски култури и отворањето на 31.
меѓународен музички фестивал „Имаго Словениае“ беше одбележан со голем симфониски концерт во центарот на Љубљана. На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Кралството Холандија во Словенија, Дерк Јан Наута, Божо Бишкупиќ, поранешен хрватски министер за култура, Дубравка Ѓуриќ Немец, поранешна помошник министерка за култура на Хрватска и Владимир Копцл, познат книжевник од Србија, кои исто така беа прогласени за амбасадори на Форумот на словенските култури.