Во Македонската филхармонија синоќа се случи македонската премиера на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски.
На црвениот килим продефилираа многу препознатливи ликови од политичката и јавна сцена, а салата беше исполнета до последно место. По завршувањето на проекцијата, филмската екипа доби овации и аплауз од публиката.
Од синоќа филмот е на редовен репертоар во скопските кина „Синеплекс“ и „Милениум“, а филмот се прикажува и во Битола, Штип, Охрид, Кичево, Струга.
Од 4 ноември почнува да се прикажува во Прилеп и Свети Николе, во Гевгелија од 9 ноември, Кочани и Македонска Каменица од 14 ноември, а во преговори се прикажувања на филмот и во останатите градови од земјава.
Светската премиера на филмот беше на Римскиот филмски фестивал.