Во организација на НУ „Завод и музеј“ од Прилеп, а по повод Денот на музеите вечерва се одржува манифестацијата „Ноќ на музеите“.
Прилепчани и сите љубители на археолошката уметност до 6 наутро имаат можност да ги посетат вредностите сместени во шесте прилепски музеи. Токму преку оваа активност граѓаните се запознаваат со богатото културно наследство, вредности и артефактите пронајдени во прилепско.
На овој начин се доближува културното наследство до граѓаните и пошироката јавност“, посочува Благоја Атанасоски директор на Завод и Музеј во Прилеп.
Прилеп располага со извонредни поставки кои што се изложени во пет музеи во градот: Галеријата на икони, Музејот на археолошки артефакти, Меморијалниот музеј – 11 Октомври, Спомен куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Музејот на тутун, а наредната недела свечено ќе биде отворен и Лапидариумот, кој и вечерва е достапен за посетителите.
Ка.М.