Од „Реинбоу пентхаус“, станот на Зандра Рос, па до викендичката на Грејст Годингтон на Лонг Ајлед, што откриваат домовите на најкреативните луѓе во светот?
Внатрешни визии
Зандра Родос
Бојата отсекогаш играла централна улога во кариерата на дизајнерката Зандра Родос, во текот на нејзините повеќе од 50 години како самоопишана „озлогласена фигура на модната индустрија во Велика Британија“. Заштитниот знак на дизајнерката, розовата коса и уникатна облека се еднакво разнобојни како и нејзиниот дом, „Рејнбоу пентхаус“, што го купи во 1995 година на улицата Бермондзи во југоисточен Лондон. Нејзиниот стан се наоѓа на врвот на Музејот за мода и текстил, основан од Родос во 2003 година. Мексиканскиот архитект Рикардо Легорета ја обнови зградата на магацинот, вградувајќи дом со две спални соби на поделено ниво. На пониското ниво се сместени спалните соби, кујната и просторијата за печатење текстил.
Во калеидоскопската дневна соба со отворен план, тротоарите од амтико-винил во боите на виножитото се борат за внимание, како и психоделичниот мебел, егзотичните растенија, саксиите од Кејт Мелоун и привлечната уметничка колекција. Светлината го исполнува станот преку надворешната тераса на горниот кат. Наоколу се расфрлани и парчиња карпи, заедно со камчиња од Сардинија, кристали од Мароко и дел од Берлинскиот ѕид.
Норман Фостер
Кога наградуваниот архитект Норман Фостер и неговата сопруга Елена го избраа Кап Ферат на француската ривиера за семејна куќа за одмор, единственото нешто што беше на продажба беше кулата на пет ката, од 1950-тите години „со депресивен изглед“. Незаинтересиран за француските регулативи за планирање, снаодливиот архитект ја трансформира кулата во Ла Воил, приморско прибежиште исполнето со светлина. Да сe стигне таму не беше лесно. „Секој разумен човек што би ја погледнал куќата би рекол: „Апсолутно сте луди! “, рече Фостер, кој го продаде имотот во 2006 година.
Ла Воил се карактеризира со затегнато платно поддржано од кабел, обезбедувајќи сенка за осветлениот престој и неговиот базен. Внатре, балконите се издигнуваат низ срцето на вилата. Триесет метри високиот центар за живеење и трпезаријата се срцето на куќата, со два стаклени панели во рамка – со тежина од 18 тони – отворени кон терасата. Дело изработено од кал од уметникот Ричард Лонг додава контраст со текстура на целата таа студена и футуристичка бела боја.
Џани Версаче
Модниот дизајнер Џиани Версаче беше трагично убиен пред Вила Каза Касуарина, неговата вила во Мајами Бич, во 1997 година. Оттогаш, неговиот раскошен дом со осум спални соби со 10 бањи во Океан Драјв стана хотел што го носи неговото име. Имотот бил дизајниран од архитектот Алден Фримен во 1930 година, а Версаче го купил во 1992 година, поминувајќи ги следните три години во обнова. Опседнат со антиката и екстравагантноста, Версаче инсталирал огромен број класични детали, вклучувајќи и хеленски лајсни и римски фрески. Ѕидовите, подовите, таваните и оградите биле обоени во костенлива, праска, виолетова и небесносина боја, а спалните соби биле раскошни. Една од нив, сега позната како „Азур суит“, е позитивно „воздржана“, со својата палета на бледосини, крем и бели нијанси, дополнети со златни акценти. Во градината има и мермерни статуи на Нептун и Медуза, но Посејдон е тој што го допира Мида. Подот и околината на базенот со мозаик го отсликуваат олимпискиот бог со илјадници 24-каратни златни плочки, додека ротоните, фонтаните, муралите, големите скали и поплочените дворови овозможуваат понатамошно евоцирање на Римска вила.
Грејс Кодингтон
Поранешната креативна уредничка на „Вог“, Грејс Кодингтон, го купи своето прибежиште за време на викендот во Ист Хемптон, Лонг Ајленд, во 1988 година. Заедно со нејзиниот партнер, францускиот фризер Дидие Малиж, таа оттогаш го претвори во светло, релаксирачко место каде што би можела да избега од светот на високата мода, иако насекаде има потсетници за неа. Неутралните sидови на нејзината куќа со три спални соби претставуваат празно платно за колекцијата за фотографии на Кодингтон, со принтови од фотографите со кои работела, од Хелмут Њутн и Марио Тестино до Ени Лејбовиц. Во просторијата за седење, стилот на Кодингтон се чувствува насекаде. Необичните ламби и темниот дрвен мебел се компензираат со бледи sидови и двете бели ленени софи од Џорџ Шерлок. Покрај тоа, во домот постојат огромен број фигури и дела што ја слават мачката. Шест уметнички дела со мачки се наоѓаат само на каминот.