На 12 јуни, со почеток во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи седмиот во низа концерт на млади виолинисти „Виолин-фест“. На овој концерт, кој прерасна во еден вид традиција, своите вештини на инструментот ќе ги прикажат 11 млади виолинисти од Македонија, Србија и од Косово, придружувани од пијанистката Марија Вршкова.
Несекојдневениот концерт има цел да им овозможи на младите виолинисти да музицираат надвор од обврските на своите училишта и да уживаат во она што го постигнале со досегашната работа.
Овој проект е во организација на концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, Владимир Костов, и е поддржан од Министерството за култура. Влезот е слободен.