Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ продолжува со вечер на староградска музика и игра.
Во старата битолска чаршија ќе настапат КУД „Пензионер“ од Прилеп, староградската пејачка група „Сирма Војвода“ од Битола, вокално инструменталниот состав „Орнамент“ од Штип, КУД „Васил Хаџиманов“ – Кавадарци, пејачката група „Весела Тајфа“ од Богданци, пејачката група „Распеани штипјани“, КУД „Далги“ од Охрид, октетот „Прилеп“ и ансамблот „Македонија“ од Скопје.
Годинашното 48. издание на фестивалот „Илинденски денови“ завршува утревечер, на 1 август со интернационална фолклорна разгледница на која ќе учествуваат гости од Полска, Јапонија, Грција, Северен Кипар и од Шпанија, а во чест на фестивалските победници, концерт во Хераклеа ќе одржи Виолета Томовска.