Со настапот на Националната опера и балет со „Севилскиот бербер“ на Џакомо Пучини, под диригенство на Иван Еминовиќ, вечерва во Битола почнува 29 издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола 2020 година.
Свеченото отворање наместо во Пациото на Заводот и Музеј ќе биде со почитување на сите здравствени протоколи во Големата сала на Центарот за култура.
Пред свеченото отворање на фестивалот во Заводот и музеј ќе биде отворена ликовната изложба „Македонско современо сликарство“.
Годинашното издание на „Интерфест“ ќе трае до 12 октомври.
М.М.