Нашиот талентиран, млад гитарист Бојан Пашкоски пред учеството на натпревар на „Европа форум 2019“, во организација на „Лајонс клубовите“ во Талин, ќе оддржи два концерти во Битола и Крушево. Концертот во Битола се одржа денеска во 14 часот во ДМУ „Битола“ (мала сала), додека концертот во Крушево е закажанза утревечер, во 20 часот во Домот на културата „Наум Наумовски Борче“.
Бојан Пашкоски ќе се натпреварува на 28. натпревар Европскиот Лајонс музички натпревар на 4 и 5 октомври во Талин, Естонија, посветен на гитарата, заедно со млади гитаристи до 24 годишна возраст од сите европски земји.
Талентираниот Пашкоски започнува да изучува гитара во класата на професорот Бојан Гаџоски и своите студии ги продолжува на ФМУ во класата на професор Борче Наумовски. Настапува на фестивалите за гитара на Балканот и низ Европа и посетувал мастер класови кај познатите педагози: Павел Стеидл, Томас Вилотеау, Срѓан Тошиќ и други.
На своја единаесетгодишна возраст за прв пат изведува соло концерт во Битола и настапувал и како солист и како дел од камерни состави.