Од светското кино
Лезбиската калуѓерска драма „Бенедета“ на холандскиот режисер Пол Верховен ја поттикнува сексуалноста, но се покажува мошне конвенционална во повеќето други аспекти. „Бенедета“ ја прикажува актерката Вирџини Ефира облечена како италијанска калуѓерка од 17 век. Таа страда од вознемирувачки религиозни и еротски визии. Во реализирање на визиите ѝ помага придружничка, а врската меѓу двете жени прераснува во романтична љубовна врска. Ова е еротски филм, потенцираат критичарите.
– Злобните змии, измамничката Шарлот Рамплинг и Дева Марија се претворија во секс-играчки. Но зошто сето тоа се чувствува толку чисто – велат филмските критичари.
Пол Верховен приреди бизарна драма за калуѓерки. Пишувајќи го сценариото заедно со Дејвид Бирк, Верховен ја презема својата приказна од пионерската студија на Џудит Браун од 1986 година за геј-сексуалноста и митологијата
„Бенедета: Нескромни дела: Животот на лезбиската калуѓерка во ренесансната Италија“.
Вирџини Ефира има малку учителска изведба како Бенедета, страсната млада калуѓерка тврди дека гледа визии за Исус и ѝ се појавуваат рани. Нејзината љубовница е Бартоломеа, која ја игра Дафне Патакија, а намуртено неодобрувачката, цинична и антисемитска Мајка, супериорна Фелисита ја игра Шарлот Рамплинг. Како и секогаш, Верховен има голема љубов да ги покажува своите женски протагонистки во состојба на мека голотија и да инсценира некои бурни сцени на водење љубов. Филмот е базиран на биографија, а влегува во драма/романса жанр. Реализиран е во копродукција меѓу Франција, Белгија и Холандија. Водечки јазик е францускиот. Трае два часа и 11 минути.
Премиерата ја имаше на Канскиот филмски фестивал, каде што Пол Верховен доби две номинации. А филмот влезе во селекција и на „Сан Себастијан филм фестивал“ за најдобар филм.