Во Кочани се одржа Балканска поетска средба во организација на градската библиотека „Искра“ од Кочани, на која настапија поетите: Киро Герасимов, Славица Цветкова, Аника Илиевска Ѓорѓиева и Филип Димкоски од Македонија, Жикица Димитриевиќ и Власта Цениќ до Србија, Росица Зиновивева и Петја Хантова од Бугарија и Андрија Радовиќ и Ивана Ѓукиќ од Црна Гора. Публиката во библиотеката уживаше во тематски различна поезија, слушна различни јазици, а сите песни беа прочитани на македонски од Љупка Стојменова, а во препев на поетот Филип Димкоски. Објавен е и билтен каде што се застапени песните со кои настапија и биографиите на сите поети учесници на настанот.
Директорот на библиотеката, изрази задоволство што оваа средба е уште еден убав начин да се промовира градот Кочани.