„Бакхи – краток преглед на распадот“ во режија на Игор Вук Торбица на Битолскиот театар е најдобрата претстава на 54 МТФ „Војдан Чернодрински“, што завршува вечерва. Ова денеска го соопшти жирито во состав Бедија Беговска, претседател, и членовите Љиљана Богојевиќ и Маја Вељковиќ на прес конференција потенцирајќи дека оваа претстава апсолутно била најдобра – ги имала сите елементи, режија, актери, костими, музика, колективна и поединечна игра.

Наградата за режија ја освои режисерот Игор Вук Торбица.

Наградата за женска главна улога отиде во рацете на Марија Спиркоска Илијески за улогата на Велика во претставата „Пиреј“ на прилепскиот тетаар.

Наградата за главната машка улога ја доби актерот од истата претстава Александар Степанулески за улогата на Јон.

Нагрдата за женска споредна улога замина кај Билјана Драгичевиќ Пројковска, за улогата на Каролта во претствата „Странци“ на Драмски театар, за споредна машка улога кај Гзим Жерка за улогата на Сен Жист во претставата „Смртта на Дантон“ од Албанскиот театар.

Најдобра млада актерка е Симона Димковска, млад актер Тони Денковски. Наградата за музика ќе му биде доделена на Димитар Андоновски за претставите „Пиреј“ и „На отворено“, за сценографија на Константин Трпеновски за претставата „Макбет“, за современа сцеснка драматизација на Љупчо Ѓоргиевски за драматизацијата на „Животинска фарма“ на струмичкиот театар.

Наградата за рекламен материјал оди кај Нгадњим Мехмети, а за кореографија и сценски движења кај Ѓерѓ Превази, а за костими кај Роза Трајчевска Ристовска.

Марија Спиркоска Илијески посочи дека е среќна за наградата и дека кога се работи со љубов неминовни се успесите, додека Билјана Драгичевиќ Пројкоска додаде дека секогаш е предизвик да се игра, особено за публиката.

Наградата од публика ќе биде доделена вечерва на затворањето на 54 МТФ „Војдан Чернодрински“, која ансамблот на МНТ ќе ја изведе претставата „Силјан штркот шанца“ во режија на Срѓан Јанќиевиќ.

Ка.М.