Театарот „Војдан Чернодрински“ при Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечерва од 22.30 часот со претставата „Арапска ноќ“ ќе настапи на годинашниот фестивал Млад отворен театар во Скопје (МОТ). Претсавата ќе се игра во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Публиката ќе може да ја проследи претставата работена по текст од Роланд Шимелфениг, во режија на Зоја Бузалковска, во која играат Игор Трпчески, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Александар Степанулески и Димитар Ѓорѓиевски. Музиката е на групата „Фолтин“, а сценографијата и костимите на Јулијана Војкова Најман.

„Арапска ноќ“ е современа приказна за една чудна ноќ на станарите на еден станбен блок, во зграда иста како илјадници други, која го прикажува нивното магично отклонување од механизмот на секојдневието.

Ка.М.