Истакнатиот македонски писател Александар Прокопиев е објавен во рамките на антологијата на светската хаику-поезија насловена „Длабока светлина“, каде што се застапени 460 автори од дури 77 држави, а сите хаику-песни во изданието се преведени на српски и на англиски јазик. Приредувач на антологијата е Дејан Богоевиќ, а издавач е „Пресинг“ од Србија.
Прокопиев е застапен со неколку хаику-песни.
Прокопиев повеќепати е застапуван во годишната антологија на хаику-поезија „Ворлд хаику“, која излегува во Кјото, Јапонија, и се смета за најрелевантна антологија на Светската хаику-асоцијација.