Владата воведе буџетска ставка за програмска поддршка на проекти што се комбинација на повеќе уметнички и академски дисциплини во износ од 28 милиони денари годишно, изјави Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ.
Како нова, додаде тој, програмата е поделена на четири категории, и тоа: интердисциплинарни проекти, мултидисциплинарни, трансдисциплинарни и нови модели на јавни простори во културата.
– Засиленото присуство на независниот културен сектор на македонската културна сцена доведе до низа проекти и иницијативи кои значат нови продукции, експериментаторски практики и модели на дејствување и воведување добри практики на одржлив раст и работење. Поддржавме многу програми и проекти што ги унапредуваат европските перспективи во македонската култура – рече Алаѓозовски.