Интернационалниот фестивал на музички, филмски и сценски уметности, којшто 14 години се оджува во Брисел, од 23 до 26 април, оваа година го има своето дигитално издание, во кое вклучи поголем број уметници од земјите на Југоисточна Европа.
Во филмската селекција на фестивалот е избран филмот „Автобиографија на човекот-гулаб“, којшто е прикажан на повеќе фестивали во Европа и светот. Главниот херој на овој филм, Владимир Степановиќ, во осум минути ја раскажува сопствената драма на исчезнувањето на неговата фамилија и исчезнувањето на поранешна Југославија.
Интересно е да се одбележи дека во 2017 година, „Балкан Трафик“ беше свечено затворен со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, исто така во режија на Константин Плевнеш, во изведба на Народниот театар од Охрид, со протагонистите Рубенс Муратовски, Димитрина Мицковска и Саша Ефтимова.
Повеќе информации на следните линкови:
https://www.balkantrafik.com/
https://www.euronews.com/2020/04/22/balkan-trafik-festival-brussels-music-extravaganza-to-go-ahead-online