Добитник на највисокот принание на 42 издание на интренационалниотфестивал на филмската камера „Златна камера 300“ е кинематограферот Јани-Петери Паси за филмот „Купе број 6“.
Вака одлучи стручното жири со кое претседаваше претседателот Суки Меденчевиќ.
Ова високо признание на Јани Петери – Паси му е доделено за деликатната камера што ја приближува публиката до ликовите кои се добро позиционирани во урбаниот пејзаж на Осло.
Лауреатот Јани-Петери Паси, исто така, во видеопорака рече дека иако веќе ја има добиена оваа награда толку многу се возбудил кога му било соопштено што се разбудил среде ноќ и останал буден до изутрината.
– Благодарам Битола, за жал, не можев да бидам таму оваа година. Беше големо изненадување за мене, истовремено чест да се добие повторно ова големо признание. Толку многу бев возбуден што се разбудив среде ноќ и останав буден. Голема чест е да се биде награден на фестивал посветен на кинематограферите, се надевам ќе се видиме следната година – рече Паси.
„Сребрената камера 300“ се доделува на Каспер Туксен за филмот „Најлошата личност на светот“, додека „Бронзената камера 300“ ја доби кинематограферот Рубен Импенс за филмот „Титаниум“.
Наградата „Мала камера 300“ за краткометражен филм ѝ се додели на кинематограферката Жоана Силва Фернандез за филмот „Низ маглата“
– И покрај сите препреки и предизвици со кои се соочивме во изминативе неколку месеци, вечерва можам конечно да кажам дека и покрај се успеавме да ја продолжиме магијата и да ја отсонуваме нашата приказна до розов хепиенд. Поминавме шест беспрекорни денови во Битола. Имавме извонредни натпреварувачки програми, одржавме три филмски работилници, имавме исклучителни шест прес-конференции и неколку млади девојки и момчиња имаа можност да научат како да снимаат филм за првпат во животот – изјави директорот на фестивалот, Симено Мони Дамевски.
М.М.