Уметницата Јана Манева-Чупоска ќе учествува на Интернационалниот саем за современа уметност во Токио, каде што ќе се претстави со дела и видео од циклусот „Портретирани сеќавања“. Учеството се организира преку соработка на саемот и земјите што имаат амбасади во јапонската престолнина и кои предлагаат нивни ликовни уметници.
Манева-Чупоска има можност првпат да го претстави своето творештво во таа далечна земја по предлог од поранешната амбасадорка во Јапонија, Андријана Цветковиќ, а со финансиска поддршка на Министерството за култура.