На иницијатива на повеќе македонски и турски писатели, деновиве во Скопје е формирано Македонско-турско писателско друштво на пријателство.
Координатор на ова ново писателско друштво на пријателство е Христо Петрески, а први членови на Друштвото се и писателите: Русомир Богдановски, Мито Спасевски, Мишел Павловски, Кристина Николовска, Весна Мојсова-Чепишевска, Трајче Кацаров, Гоце Ристовски, Марина Мијаковска, Ерол Туфан, Славица Урумова-Марковска, Милован Стефановски, Зоран Пејковски, Стефан Марковски, Виолета Танчева – Златева, Владимир Плавевски, Васил Тоциновски, Филиз Мехметоглу, Вања Изова Велева, Игор Крајчев, Емељ Туна, Елизабета Бандиловска, Виолета Мартиновска, Елена Пренџова, Биба Исмаил, Саво Костадиновски, Иво Митев, Снежана Паноска, Зоран Котевски и други.
Оваа иницијатива ја поддржува Турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје, а се планираат заеднички писателски средби, стручни и научни собири, трибини, работилници, преводи и препеви, публикување изданија, награди и признанија.