Во ликовната галерија од ЦК „Марко цепенков“ денеска е отворена изложбата „Слободен влез – Free entry‟ од уметницата Марија Трпеска. Се работи за интересна поставка која се пренесува континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба, интерес за посетување на ликовни изложбии неговото огромно визуелно искуство.
– Истражувајки го присуството на луѓе на ликовни изложби во државните културни институции, уметничките галерии и музеи забележав дека бројот на посетители е многу
мал и дека нема голем интерес особено од млада публика. Состојбата на „празни‟ галерии ме наведе да забележам дека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект, насликан како стои пред вратите на седум галерии и музеи во Скопје. За целите на проектот неговото мислење и ставови во врска со ликовната сцена ми беа многу важни за да ми отвори прашања – што би се случувало на ликовнитеизложби ако не постои ликовната критика, ако ги нема претставниците од културните институции, комисиите за култура, советниците за култура? Која епотребата и интересот на „неуметникот“ да гледа и да се обиде да толкува уметничко дело? Дел од истражувањето еи слободното (бесплатното) влегување низ вратите на истите, како и создавањето на визуелно искуство од она што се презентира; дефинирање на разликата помеѓу „гледањето“ (Vision) и „визуелноста“ (Visuality). Првиот дел на проектот се реализираше со отварање на мојата прва самостојна изложба, а вториот дел се однесува на реализација на уметничко видео. Со реализација на оваа изложба очекувам дека проектот ќе продолжи и ќе се развие во насока на нужноста за промена на современите уметнички практики во Македонија, ќе отвори можност за понатамошни промислувања за општествените појави низ уметничкото и ќе се обиде да создаде ново гледиште за релацијата дело – гледач, или автор – критичар – објаснува ументицата.
Марија Трпеска дипломирала во 2017 година на Факултетот за ликовни уметности –
Скопје, насока ликовна педагогија, модул сликарство. Нејзиниот главен ликовен фокус е сликарството, но истражува и со фотографијата и видео уметноста. Живее и работи во Скопје. Ка.М.