ФОТОВЕСТ

Деновиве падна првата клапа на краткиот игран филм со работен наслов „Баунти“, на младиот режисер и директор на фотографија Сергеј Сарчевски. Филмот обработува приказна за една длабоко емотивна врска помеѓу родител и дете, а сценариото е базирано на расказ од српскиот писател Владимир Скочајиќ-Скоча.
Во главните улоги играат Илија Волчески, Марија Кондовска и Александра Пешевска. Продуцент на филмот е Игор Цветковски. Снимањето се одвива три дена на локации низ Скопје.