Во Тетово беше промовирана збирка раскази на автори од земјите од поранешна Југославија кои се пријавиле на конкурсот со тема „Помирување“ во организација на Центар за ненасилана акција од Сараево. Во збирката раскази насловена „Бибер 2“ се објавени 25 раскази, а меѓу тројцата наградени има и авторка од Македонија.

Првата награда е на расказот „Јадат луѓе и без нозе“ на авторката Милица Вучковиќ од Белград, втората награда ја доби расказот „Чичко Зав“ Џенета Ровчанин од Сараево а третонаградена е Анушка Миновска од Скопје со расказот „Семејството на чичко Аки“.

-Ова беше конкурс за краток расказ на тема Помирување, за автори кои пишуваат на македонски, албански, босански, српски, хрватски и црногорски јазик. Помирувањето, е еден исклучиво важен збор. Мислам дека конечно дошло време да зборуваме на тема помирување и тоа да не е веќе толку далечно и неприфатливо. Сега мора да влеземе во некој дијалог и да продолжиме понатаму, ако ништо друго како најдобри соседи – изјави Ивана Франовиќ од Центар за ненасилана акција Сараево.

На конкурсот се пријавиле вкупно 385 автори. Македонската добитничка има 31 година, пишувањето е нејзино хоби. Промоцијата беше одржана на Универзитетот во Тетово.

А.С.