Збирка раскази со наслов „Ќедер“ од бугарската писателка Јорданка Белева ќе биде промовирана утревечер, во Мобилната/монтажна галерија, во Паркот на франкофоните, со почеток во 20 часот. Издавач е „Блесок“, а преведувачка на книгата на македонски јазик е Сузана В. Спасовска. Промоторка ќе биде Елизабета Баковска.
Книгата „Ќедер“ е номинирана за националните награди за 2018 година, „Перото“ и „Хеликон“. Јорданка Белева (1977 г.) е авторка и на книгите „Пењоари и бродови“, „Надморското ниво на љубовта“, „Таа“, „Клучеви“ и „Пропуштен момент“. Добитничка е на национални награди за поезија и проза.