Претставата „Клетници“ е најдобрата претстава на годинашното 53. МТФ „Војдан Чернодрински“, јави дописничката за Нова Македонија.
Наедно претставата „Клетници“ од Виктор Иго во режија на Mартин Кочовски, освои уште три награди: Главна женска улога за актерката Ангела Наумоска, Горјан Милошевски за драматизација на романот „Клетници“ и награда за музика за групата „Фолтин“.
Жирито составот го сочинуваа Мими Таневска Србиновска, претседател и членовите Јасна Новаков и Драган Спасов-Дац.
Наградата за најдобра режија жирито ја додели на Диего Де Бреа за претставата „Крал Лир“ на турскиот театар, а наградата за најдобра машка улога ја понесе Сашко Коцев во претставата „Ничија земја“ на МНТ од Скопје.
Вечерва е затворањето на 53. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“, каде ќе бидат доделени наградите, а во чест на наградените театар Комедија ќе ја изведе претставата „Не сега драга“.
Погледнете ги во целост добитниците на наградите на годинашното 53. МТФ „Војдан Чернодрински“
- Награда за рекламен материјал се доделува на Нгадњим Мехмети од претставата „Жените“ во изведба на Албанскиот театар Скопје.
- Награда за музика се доделува на групата Фолтин во претставата „Клетници“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
- Награда за костимографија се доделува на Марија Попуческа и Бранкица Јордановска во претставата „Ужегнатост“.
- Награда за сценографија се доделува на Валентин Светозарев и Никола Тороманов за претставата „Ничија земја“ во изведба на Македонскиот Народен театар.
- Наградата за млада актерка се доделува на Ебру Мусли за улогата Корделија во претставата „Крал Лир“ во изведба на Турскиот театар Скопје.
- Награда за млад актер се доделува на Александар Михајловски за улогата на Нино во претсвтавата „Ничија земја“ во изведба на МНТ.
- Награда за женска епизодна улога се доделува на Наташа Петровиќ во претставата „Еднаш свет изградив“ во изведба на Театарот за деца и млади , Скопје.
- Награда за машка епизодна улога се доделува на Горазд Цветковски за улогата на Рамбо во претставата „Ничија земја“ во изведба на Македонскиот народен театар, Скопје.
- Награда за главна женска улога се доделува на Ангела Наумовска за улогата на Фантин во претставата „Клетници“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“, Припел.
- Награда за главна машка улога се доделува на Сашко Коцев за улогата на Чики во претставата „Ничија земја“ во изведба на МНТ, Скопје.
- Награда за современа сценска драматизација се доделува на Горјан Милошевски за драматизација на романот „Клетници“ од Виктор Иго во претставата „Клетници“ на театарот „Војдан Чернодрински“, Прилеп.
- Специјална награда за современ актерски израз и иновативен пристап кон светската класика се доделува на претставата „Крал Лир“ во изведба на Турскиот театар, Скопје.
- Награда за режија се доделува на Диего Де Бреа за претставата „Крал Лир“ во изведба на Турскиот театар, Скопје.
- Наградата за уметничко остварување на претставата во целина и се доделува на претставата „Клетници“ во изведба на театарот „Војдан Чернодрински“, Прилеп.
Ка.М