Книжевен, сценски, музички и ликовен перформанс „Поетски хоризонти“ во организација на Здружението за наука и култура „Нова“ од Битола денес се одржа во Домот на културата во Демир Хисар.
Во рамките на овој проект, беше промовирана книгата кратки раскази „Утро во Франкфурт“ од Мирјана Стојановска, а сценската изведба на расказите ја реализираа актерките од алтернативниот театар од Битола, Ана Жежовска и Симеона Павловска. Музичката изведба беше на познатиот солист Драган Микаровски.
Во фонот на сцената беше поместена изложба на ракотворби, везови и резби.
„Поетски хоризонти“ се реализира во рамките на Новиот културен бран во четири града: Битола, Прилеп, Демир Хисар и Струга.