Пабло Пикасо е уметник кој го одбележал времето во кое живеел, создавал и оставил неизбришлив белег во уметноста, како еден од најголемите сликари на сите времиња. Единствено од што се плашел е смртта и затоа во подоцнежниот период од животот работел со енергија на млад човек. Тој е еден од основачите на уметничката насока нареченa кубизам и сугестивен експресионизам, а статистиката покажува дека Пабло Пикасо е уметник чии дела најмногу биле крадени, дури 1.147 пати, објавува порталот „10 нај“.
Тој е единствениот уметник во светот, во чија чест е организирана изложба во Лувр во Париз, додека уште бил жив, по повод 90-от роденден. Роден е на 25 октомври 1881 година во Малага, Шпанија. Починал 11 години подоцна на 8 април 1973 година во Мужин, Франција.
Гинисовата книга на рекорди регистрира негови 100.000 графики, 300 скулптури, 13.500 слики и дури 34.000 илустрации. Овие импозантни бројки зборуваат за неверојатна инспирација, талент и волја за создавање што ги поседувал овој човек.
Неговото полно име е Пабло Диего Франсиско де Паула Хуан Непомузуено Марија де лос Ремедиос Ципрано де ла Сантисима Тринидад Мартир Патрисио Квилто Руиз и Пикасо. Долгото име ги содржи имињата на некои светци и негови роднини.
Пикасо, првата слика ја насликал кога имал 9 години, а својата прва изложба ја имал на 13-годишна возраст. Уметникот имал поддршка од семејството, а особено од неговиот татко, при што на тој начин ги создал основите на неговата недостижна кариера. Интересно е да се додаде дека неговиот прв збор бил молив.
Во светот на уметноста 2 август 1911 година е забележан како ден кога Мона Лиза на Леонардо да Винчи била украдена од Лувр. Нудејќи парична награда, за какви било информации за украдената скапоценост, францускит весник бил контактиран од човек кој тврдел дека тој ја украл од музејот пред неколку години за некој Гијом Аполинер, кој подоцна му ја продал на Пикасо. Пикасо пред судот објаснил дека немал идеја оти делото е украдено и дека тој нема никаква врска со исчезнувањето на Мона Лиза. Но и покрај тоа што е пронајден вистинскиот крадец, сомнежот за вмешаноста на Пикасо никогаш целосно не била расчиститена.
Покрај платно и бојата, Пикасо уживал и во боемскиот начин на живот, а особено ги сакал жените, во кои ја пронашол својата инспирација. Имал две сопруги и четири деца, но многу љубовници, од кои само неколку му биле посебни. Според сите овие жени, неговите емоции осцилирале од извонредна нежност, се до исконска омраза.
Интересно е да се спомене дека акушерката, која ја породила мајка му, го прогласила бебето за мртвородено. Како и да е, не бил предодреден да умре, бидејќи неговиот чичко се сетил да му дувне чад од цигара во лицето, со што веројатно му го спасил животот.
Во младоста, бил многу приврзан кон неговата мајка, што подоцна се толкувало како основа за повеќе од сложените односи и начинот на кој се однесувал кон жените. Во една прилика, тој изјавил дека мајка му кога бил дете му кажала „ако бидеш војник, ќе станеш генерал. Доколку одлучиш да бидеш свештеник, ќе станеш папа“. Коментирајќи ги зборовите на неговата мајка, тој додал „наместо тоа, решив да бидам сликар и станав Пикасо“.
„Уметноста е лага, која ни помага да ја спознаеме вистината“, е еден од неговите најпознати цитати. Пресврт во неговата кариера извршила богатата американска колекционерка Гертруда Штајн, која во почетокот во голема мера ја финансирала неговата работа, организирала изложби за него и го вовела во круговите на богатите. На Пикасо му било многу важно жените да бидат пониски од него, затоа што тој имал комплекс поради неговата висина од 163 сантиметри.
Неговите современици тврдат дека имало само една жена која го напуштила, а нејзиното име било Франсоаз Жило, која Пикасо ја сметал за негова „лична муза“. Со неа тој имал син Клод и ќерка Палома. Бесна и несреќна поради авантурите и неверството на Пикасо, таа во историјата е запишана како единствена жена што го оставила (тој секогаш ги прекинуваше врските), заминувајќи си со децата. Се тврди дека лутиот Пикасо викал додека таа заминувала „н1ту една жена не остава маж како мене! Каде одите?!“ Како резултат на нејзиното заминување, Пикасо толку многу ѝ се налутил поради што никогаш повеќе не ѝ прозборел.