На 29 октомври, во 20 часот, ќе почне тринаесеттото издание на Неделата на јапонскиот филм во Кинотеката на Македонија. Оваа година филмската Недела првпат ќе патува и до Центарот за култура – Битола.
Амбасадорката Кеико Ханеда ќе ја отвори Неделата на јапонскиот филм во вторник, 29 октомври, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија. Селекцијата на четирите играни и анимирани филмови од сите жанрови е за сите возрасти.
29.10. (вторник)
20.00 „Гласот на учителот“
30.10. (среда)
20.00 „Ошин“
31.10. (четврток)
20.00 „Рудолф црниот мачор“
1.11. (петок)
20.00 „Самурај мачка”
Центар за култура – Битола
5.11. (вторник)
20.00 „Гласот на учителот“
22.00 „Ошин“
6.11. (среда)
18.00 „Рудолф црниот мачор“
20.00 „Самурај мачка“