Стручното жири на годинашната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр “ ги соопшти наградите за 2021 година.
Добитник на наградата „Гран при” за 2021 година е училиштето „Сцхоол 1955” од Москва, Русија. Оваа година за првпат е доделена наградата која го носи името на неодамна починатиот идеен творец и оснивач на „Малиот битолски Монмартр“, Коста Хаџи Антоновски.
Првата почесна награда која го носи неговото име, „Коста Хаџи Антоновски” за долгогодишно учество, соработка и придонес за Колонијата, ја понесе Теодолинда
Паскоал од „Теоартис”, Евора, Португалија, а наградата посветена на почесниот претседател на стручното жири, проф.д-р Богомил Карлаварис за животно дело ја доби
Славко Зупан од Љубљана, Словенија.
Јубилејната специјална награда за училиште ја доби Унгардскиот културен центар „Непкер” од Суботица, Србија, а за ученик Гордеј Мураско од Москава, Русија.
Награди за учество на „Малиот битолски Монмартр” ќе добијат и 17 екипи на ученици и ликовни педагози.
Ова се одлуките на стручното жири на „Малиот битолски Монмартр” на Меѓународниот ликовен конкурс „Битола 2021” на кој учествуваа 453 училишта со 13.737 цртежи од 33 земји од светот.
Жирито избра и 752 творби за изложбата, која ќе биде отворена на 23 мај годинава во просториите на Националната детска ликовна галерија „Монмартр” и ќе
трае до крајот на годината.
Ќе се доделат и награди за најдобра колекција, најдобри поединци и други признанија, соопшти жири комисијата. М.М.