По четиринаесетти пат, во Кичево ќе се одржи Меѓународниот детски фолклорен фестивал, чиј домаќин е КУД „Младост-Кичево“. Програмата на двете фестивалски вечери ќе се одвива на летната сцена од Центарот за култура, каде покрај петте културно уметнички друштва од земјава, ќе се претстави и еднна фолклорна група од Израел.
– По четиринаесетти пат, ние како домаќини го организираме Меѓународниот детски фолклорен фестивал„Кичево 2019“. Фестивалот ќе се одвива во две вечери и тоа првата вечер пред кичевската публика ќе се претстават КУД „Јане Сандански“ од Ново Село од Струмичко, КУД „Брвеница“ од Брвеница, КУД „Шпреса“ од Велешта и ние како домаќини. Втората вечер на летната сцена ќе продефилираат фолклорниот ансамбл „Бучим“ од Радовиш, танцовата група од Израел и КУД „Младост“ од Кичево. Сите фолклорни друштва и ансамбли за свое претставување ќе имаат на располагање време од 10-15 минути, што сметаме дека ќе биде доволно за да ги покажат своите уметнички вредности. Убавото време без врнежи, очекуваме да придонесе во двете фестивалски вечери да имаме и добра посета – најави Зоран Јовески, претседател на КУД „Младост“ од Кичево, домаќин на овој детски фолклорен фестивал.
Во изминатите 13 години на овој фестувал продефилирале над 50 културно уметнички друштва и ансамбли од земјава и странство. Одржувањето на овој фестивал финансиски го подржа ЕЛС-Кичево.
З.А.