За манифестацијата – Европски ден за уметничка креативност од проектот Креарт
Со изложбата „ПОРТАЛИ 2021“ , во Галеријата на КИЦ, Музеј на Град Скопје и Град
Скопје в недела (21 март) ја започнуваат манифестацијата Европски ден за уметничка
креативност од проектот Креартво која од 2017 година Град Скопје е еден од 11-те вмрежени градови од Европа. Овој проект е кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Комисија.
Целокупната програма за манифестацијатасе состои од следните настани:
21.3.2021 – Галерија КИЦ
- Изложба „ПОРТАЛИ 2021“
- Дебата – „Илустрација или фрустрација-која е македонската стрип приказна??“
Модератор: Лазе Трипков
5.4.2021 – Калеидоскоп 2021-Галерија МКЦ
- Изложба на илустрации „ ПОМЕЃУ СОНОТ И ЗБОРОТ“Наташа Андонова
6.4.2021 – Галерија МКЦ - Детска стрип работилница
Модератор –Владимир Благојевиќ
Сите настани ќе бидат одржани согласно актуелните мерки за заштита од ковид-19, за што Музеј на Град Скопје особено води грижа за заштита како на посетителите така и на учесниците на програмите.
Овој проект кој веќе четврта година успешно се спроведува, досега резултираше со
четири циклуси на изложбените концепти ПОРТАЛИ и КАЛЕИДОСКОП каде се претставени вкупно 45 домашни автори од различни свери на креативните уметности; одржани се едукативни креативни работилници со повеке од 60 тина учесници како и
дебати на кои е раговарано за актуелни теми кои го третираат односот на нашето општество кон уметниците од одредени гранки на креативните уметности.
Целокупната организација на сите настани за Европскиот ден на уметничка креативност, во текот на 2016-2021 год. беше под кураторство на Јасминка Намичева – советник кустос архитект во Музеј на Град Скопје, додека со целокупната координација на проектот ЦреАрт за Град Скопје беше одговорна Адријана Божиноска, без чие залагање успешоста на реализацијата на целокупниот проект би била невозможна.
Ковид состојбата во светот, во текот на изминатата 2020 година, акцентираше нови
состојби како во севкупното живеење , така и во креативните уметности. Токму
базичната идеја на концептот за Портали, да се презентира диверзитетниот свет на
уметноста ја наметна темата за значењето и местото во секојдневниот живот на
илустрацијата како базичен дел од многу други арт продукти – почнувајки од детска
публицистика до стрип и современите дигитални видео изданија – продукти кон кои во изминатите месеци на различни периоди на изолации во домот, се повеќе се наметнуваше потребата да го окупираме нашето слободно време токму со овој вид на четива.
Историскиот развој на македонската илустрација се одвиваше споро и ненаметливо но со тек на време оваа ликовна дисциплина беше препознаена во меѓународните кругови како македонска школа на илустрација со свој автентичен ликовен сензибилитет.
Илустраторите го печеа својот занает во двете некогашни најголеми издавачки куќи-
„Детска радост” и „Просветно дело” – кои својот зенит го достигнаа кон крајот на 80-те
и почетокот на 90-те години од минатиот век.
Сепак, транзициските општествено-економски промени доведоа до гаснење на голем број издавачки куќи, весници и списанија, автоматски доведувајќи го во прашање и
опстанокот на илустрацијата.
За среќа, во последниве десетина година никнаа независни издавачки куќи кои ентузијастички се впуштија во продукција на детски книги и сликовници. Одеднаш се
појавија млади и талентирани уметници кои вбризгаа свежина во хибернираната македонска илустрација.
Оваа изложба нема за цел да понуди комплетен историски пресек на македонската илустрација туку да презентира неколку генерациски различни македонски автор(к)и кои негуваат специфичен ликовен израз. Преку делата на Атанас Ботев, Владимир Благојевиќ, Филип Велковски, Михајло Димитриевски, Јасна Николова и Сања Симоска, откриваме само мал дел од богатството на млади автори кое во моментот активно се
занимаваат со оваа уметничка гранка. Било да се работи за стрип, арт концепт за видео
игри, детска илустрација или графички дизајн, заедничко за сите нив е огромната љубов и посветеност кон оваа исклучително тешка ликовна дисциплина.
Филип Велковски, (1988) е визуелен уметник кој живее и работи во Скопје. По дипломирање на Факултетот за ликовна уметност (2011) отсек сликарство со насока
графички дизајн, продолжува да ја развива својата пракса во полето на сликарството, илустрацијата, уметничкиот активизам, и кураторството.
Атанас Ботев – роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности
во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град
Скопје. Создава во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација,
перформанс.