Највлијателни современи уметници на денешницата
Со продажбата на скулптурата „Зајак“ на Џеф Кунс за 91 милион долари на аукција во 2019 годинa, беше поставен рекорд за најскапо дело на жив уметник, а се забележа и дека пазарот на скапите уметнини станувa достапен исклучиво за тесен круг на најбогатите. Кунс тогаш го надмина Британецот Дејвид Хокни, чија слика беше продадена за 90,3 милиони долари претходната година.
Најголем дел од продажбите на уметничките дела со вредност над милион долари им припаѓаат на мал број на галерии и на уметници. Во 2018 година продадените дела од најпознатите 20 живи уметници опфатиле 64 отсто од целокупната активност на пазарот, според „Њујорк тајмс“ кој напиша дека „дури ниту богатите не се доволно богати за Џеф Кунс“. Колекционирањето на скапи уметнички дела отсекогаш било ексклузивна активност, особено во современата уметност, но денес можат да си го дозволат супербогатите кои опфаќаат 0,01 отсто од светското население, бидејќи се смета дека уметнините како што е „Зајакот“ на Кунс стануваат прескапи и за дел од милионерите.
За да ги доближи најскапите дела до пошироката јавност, Националната галерија на Викторија која се наоѓа во Мелбурн, своевремено дозволи на изложбата на која беа изложени 100 скулптури од черепи изработени од Австралиецот Рон Муек, да се одржуваат перформанси, поетски читања, дискусии и забави, во текот на десет вечери (по работното време на галеријата).
Претходно, изложбата беше строго обезбедувана, со што ваквиот потег беше сметан за ризичен. Делата на Муек достигнуваат високи цени, како на пример „Големото бебе“ кое беше продадено за 1,32 милиони долари на акуција во 2011 година, па не е чудно што вработените во галеријата биле вознемирени од слободата која посетителите ја добиле, иако изложените скулптури биле обезбедени.
Кунс е познат по способноста да претвори секојдневни, па дури и необични предмети во висока уметност, како што се на пример балоните или играчките за базен. Делат на Кунс честопати се поврзани со поп-културата. Муек, пак, ги изработува неговите хиперреалистични скулптури во размери кои се значително се разликуваат од реалните, истовремено претставувајќи ги ликовите во клучни моменти од нивните замислени животи. Тој поминува долго време во создавање на делата, чија изработка понекогаш трае и повеќе од една година.
Студентите што ќе се запишат на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во претстојната академска година ќе имаат прилика да добијат образование и обука што ќе им овозможат самостојно да опстојат на домашната или на меѓународната ликовна сцена по завршувањето на студиите. Во рамките на ФЛУ се реализираат студиски програми по сликарство, вајарство, графика и по ликовна педагогија. Пријавувањето за уписот е во тек.