Пензионери донираa 100 уметнички дела во британска галерија
Колекционерите на уметност од Јоркшир, Теренс Бекон и Џон Олдам, ѝ дадоа неверојатен подарок на една од водечките галерии во Велика Британија, „Хепворт Вејкфилд“, каде што треба да стигнат стотина важни уметнички дела – од бараната керамика на пионерскиот грнчар Луси Ри, па до сликите на Тери Фрост. Уметничките дела би требало да пристигнат до крајот на годинава. Овој извонреден подарок, кој во моментов се наоѓа во една малку позната приватна локална колекција, претставува признание за чувството на почит на Бекон и Олдам кон галеријата.
– Порано возевме долг пат за да ја видиме градината на скулпторката Барбара Хепворт во Свети Ајвс – вистинска оаза. Па затоа, кога слушнавме за новата галерија близу нас, веднаш појдовме да ја разгледаме – вели пензионираниот државен службеник Бекон (68), кој живее со Олдам (75), пензиониран менаџер на Националната здравствена служба.
Тие сметале дека тоа е прекрасна галерија со одлични уметнички дела и прекрасна градба, полна со луѓе што уживаат.
– Во меѓувреме, веќе патувавме наоколу со нашиот карван и купувавме сѐ што навистина ни се допаѓаше, но никогаш не помисливме да оформиме колекција. Ништо од тоа не е купено имајќи инвестиција на ум. Сепак, некои од нашите пријатели сметаа дека сме комплетно луди – велат тие.
Ендрју Бонасина, главен кустос на „Хепворт Вејкфилд“, дизајнирана од Дејвид Чиперфилд, имаше пофални зборови за двојката што живее во близина и има „неверојатно деликатно око за уметност“. Многу од делата вредат десетици илјади фунти сега, но првично биле многу поевтини.
– Ќе се обидеме да претставиме некои од приказните откако повторно ќе се отвори галеријата, бидејќи луѓето честопати се фасцинирани кога ќе слушнат како завршуваат делата во галеријата – открива Бонасина.
Едно од омилените дела на директорот е парче керамика од Ри (1902-1995), познатиот лондонски студиски грнчар што започна со правење копчиња. Две од „шишињата“ на уметникот претпоставуваа почеток на колекцијата, случајно забележани на прозорецот на галеријата „Њу Крафтсмен“. Бонасина е возбуден и за надарените дела на британскиот уметник и грнчар Џон Вард, кој сега е во своите 80-ти години и е недоволно застапен во британската галерија и музејски колекции.
– Тие имаат една од најголемите колекции на дела на Вард, вклучувајќи и околу 43 чинии. Неговата керамика е длабоко инспирирана од пејзажот во близината на неговиот дом во Пемброкшир, Велс, иако тие често имаат геометриски форми.
Уште една слика од Фрост исто така е избрана да им се придружи уште на две слики од сликарот што веќе се изложени во галеријата. Фрост (1915-2003) беше водечки апстрактен сликар, исто така со седиште во Корнвол.
Џон и Тери исто така ни подарија дело од Креги Атчисон. Тоа е една од првите работи што ги купиле, а тие ми раскажуваа за тоа како минувале време во неговото студио и станале негови пријатели – откри Бонасина.