Проекција на филмот „Лиза – лисицата самовила“ Унгарија, ќе се одржи денеска со почеток во 21 часот на Факултетот за ликовни уметности – „Сули ан“.
Станува бор за фантастична романтична комедија во траење од 98 минути, во режија на Карој Уј Месарош, а улогите ги играат Моника Балшаи, Саболч Беде Фазекаш, Давид Сакураи.
Филмот има добиено две награди на Филмскиот фестивал за фантазија во Брисел, најдобар филм и специјални ефекти на Фантаспорто, 5 награди на Унгарската филмска недела.