Во текст на професорот Бијунг-Хул Хан за кинескиот пристап кон „оригиналноста“ во уметноста се објаснува идејата или концептот дека копијата на изворно дело е еднакво вредна како и оригиналот. Тоа значи дека Кинезите без иронија можат да изградат „уште поубав и постар мост“, во музеј да изложат „најнови копии на старите мајстори“, а во своите дела да користат фрагменти или цели дела на други уметници. Според Хан, во Кина не постои западниот култ кон оригиналот
Во 1956 година е отворена изложбата на ремек-делата на кинеското сликарство во Музејот на азиската уметност во Париз. Набргу се испостави дека изложените слики всушност се фалсификати. Овој случај е особено чувствителен, бидејќи плагијатор бил најпознатиот кинески сликар на 20 век, Чанг Даи-чиен, чии дела истовремено биле изложени во Музејот на модерната. Го сметале за кинески Пабло Пикасо и неговото дружење со Пикасо таа година се славело како средба на мајсторот на западната и на источната уметност.
Откако се дознало дека старите ремек-дела се негови фалсификати, западниот свет почнал да го смета за обичен измамник. Но за самиот Чанг делата биле сѐ освен фалсификати.
Во секој случај, повеќето од овие стари слики не ни биле копии, туку реплики на изгубени слики за кои се знаело само преку пишани описи.
Во текст на професорот Бијунг-Хул Хан за кинескиот пристап кон „оригиналноста“ во уметноста се објаснува идејата или концептот дека копијата на изворно дело е еднакво вредна како и оригиналот. Тоа значи дека Кинезите без иронија можат да изградат „уште поубав и постар мост“, во музеј да изложат „најнови копии на старите мајстори“, а во своите дела да користат фрагменти или цели дела на други уметници. Според Хан, во Кина не постои западниот култ кон оригиналот.
Хан во својот текст заклучува дека кинеските уметници не сакаат да ја имитираат природата со своите дела, туку со својата работа. Со други зборови, тие сакаат да создадат мноштво идентични дела што низ мали варијации внесуваат постепена, но темелна промена. Слично тврдел и рускиот формалист Јуриј Тинјанов уште во 1927 година, кога пишувал за книжевната еволуција, Можеби поради тоа Западот и Истокот сепак не се толку различни ни единствени и можеби новото капитално дело нема да го напише гениј, кој од небото паѓа во нашата мала средина, туку вештиот Чанг Даи-чиен, кој брзо ќе ги состави тие неколку поглавја што му недостигаат на Кафкиниот „Процес“.