Изложба на фотографии на режисерот Милчо Манчевски беше отворена денеска во Галерија „Академија“ на Националната Академија за ликовни уметности во Софија.
Изложбата насловена „Таму“ е составена од 88 колор дела на тема улична фотографија.
– „Таму“ го надградува и го проширува досегашниот опус на фотографски дела на Милчо Манчевски, УЛИЦА и ПЕТ КАПКИ СОН – велат од Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Софија.