Во рамките на манифестацијата „Кавадаречка културна есен“ вечерва со почеток во 19 чаот во галеријата про домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложба под наслов „Речиси црно – речиси бело“ на Стефанија Стојановска од Штип.

На изложбата ќе бидат изложени триесетина нејзини дела: колажи, цртежи и слики на платно создадени во последните 6 години кои за прв пат ќе бидат изложени во Кавадарци нејзиниот роден град.

По отворањето на изложбата во 20.30 часот ќе биде изведена претставата „Умри машки“ од Алдо Николај во режија на Томе Атанасов, а во изведба на театарот при Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

Ми.М.