Во изложбениот салон на Музејот на град Неготино вечерва во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Владимир Темков од Кавадарци.
Насловот на изложбата е „Боите на небото, водата и земјата во Тиквешијата“. Изложбата содржи 35 дела работени во акрил на платно и лесонит а се создадени во оваа 2020 година и се дел од проектот „Остани дома“ во кој авторот беше исклучително плоден на полето на уметноста.
Во овој период на пандемија ликовниот уметник Владимир Темков реализира неколку онлајн групни изложби од меѓународен карактер, меѓу кои најзначајни за него се изложувањето во МОМА – САД, потоа во Пакистан една од најголемите изложби со наслов „Јас сум Артист“ каде што има забележителен успех, двете големи изложби во Едрене и Истамбул – Турција, Во Милано и во Црна Гора и Албанија. Патувањето за Москва што беше планирано за оваа година се уште не е реализирано. Ми.М.