„Vladodlak’s One hundred for 100″ e мала ноќна изложба која ќе се одржи вечерва во „Цреша бар“ (од 21 часот). Самото име објаснува дека ќе има 100 дела наменети за 100 љубители на уметноста.
Во просторот на летната градина ќе бидат изложени 100 дела изведени во различна техника, така што посетителите ќе имаат голем избор од слики на платно, акварели на хартија, акрил на хартија и цртежи со туш и молив.
Инспирација за изложбата е 10-годишното творештво на Владимир Благојевиќ – Владодлак, со различни медиуми како акрлини слики, водени бои, стрип и по некоја моделирана фигура.
Изложбата ќе биде продажна, со примамливи цени создадени од вондредните услови. Цртежите и сликите ќе бидат поделени во серија по 10, така што кој прв дојде, прв ќе биде услужен. Посетителите ќе имаат можност да купат 10 цртежи или слики за 100 денари, 10 цртежи или слики за 200 денари, 10 цртежи или слики за 300 денари, се до последната тура од 10 цртежи или слики од 1.000 денари.
Организаторите препорачуваат гостите да носат маски за заштита и да се придржуваат до препорачаните здравстени мерки поради вондредната состоја со ковид-19.