Скарлет Јохансон за магазинот „Варајети“ признава дека била скептична кога нејзиниот агент ѝ го предложил „Зајакот Џоџо“ – нацистичката сатира на Таика Ваитити.
– Сижето на „Зајакот Џоџо“ звучеше одлично, па затоа е невозможно да се презентира без да звучи лудо – изјавила Скарлет Јохансон во разговор за магазинот „Варајети“.
Таа, меѓу другото, истакна дека сценариото било прекрасен, совршен скапоцен камен и можело да се почувствува уникатниот глас на Таика, како силен и апсурден во исто време. Го нарекува „многу моќна комбинација“. Напишан и режиран од Таика Ваитити, притоа заснован на книгата „Заробувачки неба“, филмот „Зајакот Џоџо“ е сатира што се случува во нацистичка Германија. Малиот актер Роман Грифин Дејвис го глуми Џоџо, член на Хитлеровата младина, чиј имагинарен пријател не е никој друг туку Адолф Хитлер, претставен како смотанко, со пивски стомак, кого го игра Ваитити лично. Работите се менуваат кога 10-годишниот Роман открива дека неговата мајка (Јохансон) крие еврејско девојче (Томазин Мекензи) зад ѕид во нивниот дом. Оваа комедија поставена во нацистичка Германија не е нешто што обично го гледаме на „оскарите“, но „Зајакот Џоџо“ претставува сериозен кандидат за наградата. Иако ставовите на критичарите беа измешани откако „Фокс срчлајт“ премиерно го презентира „Зајакот Џоџо“ на Филмскиот фестивал во Торонто, тој сепак ја освои главната награда на „Пиплс чојс“, што претставува добар предзнак дека ќе се најде меѓу 10-те филма номинирани за „оскар“ за најдобар филм.
Минатогодишен добитник на наградата на „Пиплс чојс“ беше филмот „Зелена книга“, кој потоа се закити со „оскар“. Други неодамнешни победници на „Пиплс чојс“ што беа номинирани за „оскар“ за најдобар филм се: „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“, „Ла ла ланд“ и „Соба“. Всушност, последниот победник на „Пиплс чојс“ што не успеа да биде номиниран за „месингениот прстен“ беше филмот „Каде одиме сега?“ уште во 2011 година. (Либанскиот филм не се номинира ниту во категоријата на филмови од странско говорно подрачје.) Другите најдобри номинирани филмови оваа година ги вклучуваат: „Брачна приказна“, „Ирецот“, „Си беше еднаш во Холивуд“, „Џуди“, „Паразит“, „Џокер“, „Збогум“ и „Форд против Ферари“.
Сепак, номинациите за „оскар“ за главна и споредна улога би можеле да претставуваат проблем за „Џоџо“. Во совршен свет, Дејвис би бил признаен, но со сега веќе полни 12 години, нема да му биде лесно да се провре покрај тешката категорија актери, како Леонардо ди Каприо („Си беше еднаш во Холивуд“), Роберт де Ниро („Ирецот“), Антонио Бандерас („Болка и слава“), Хоакин Феникс („Џокер“), Адам Драјвер („Брачна приказна“) и Џонатан Прајс („Двајцата Папи “). Но Тарон Егертон („Рокетмен“), Адам Сендлер („Несечени камења“), Мајкл Б. Џордан („Само милост“) и Еди Марфи („Долемит е моето име“) се исто така во трка за „оскар“.
А што се однесува до Ваитити за споредна улога, речиси неверојатно е да се очекува дека академијата би наградила некој што го игра Хитлер. Дури и Ваитити признава дека не му било лесно да се погледне себеси во целосната шминка и гардероба.
Арчи Јејтс, 11-годишниот актер што го игра најдобар пријател на Џоџо, ја краде речиси секоја сцена во која се наоѓа, но споредбената категорија е веќе полна со големи играчи, вклучувајќи ги и Бред Пит („Си беше еднаш во Холивуд“), Вилем Дафо („Светилникот“), Кристијан Бејл („Форд против Ферари“), Ентони Хопкинс („Двајцата папи“), Ал Пачино („Ирецот“), Џо Пеши („Ирецот“) и Том Хенкс („Убав ден во соседството“). На крајот на денот, членовите на академијата би можеле да бидат резервирани кога станува збор за давање глас за нацистичка пародија. Сепак, Стивен Мерчант, кој игра агент на Гестапо во филмот, вели дека историјата е на нивна страна.
– Тие се потсмеваа со Хитлер дури и кога тој се крена на власт, и тој оттогаш е предмет на сатира и исмејување. Идејата дека сега, толку години подоцна, се наоѓаме во ситуација да се чувствуваме непријатно да се шегуваме на оваа тема ми се чини чудна. Дури и кога белата надмоќ и екстремно десничарскиот национализам се во пораст?
Сатирата е една од најмоќните оружја против овие видови идеи и глупости со кои тргуваше Хитлер. Фактот што некои луѓе сè уште се претплатуваат на дел од тие верувања е уште поголема причина да се смееме на тоа – вели Мерчант.