Најголемите занемарувања и најконтроверзните избори во деветте децении на церемонијата, според „Гардијан“
„Снежана и седумте џуџиња“, 1938 г.
„Оскарите“ првпат се одржаа пред 90 години во месец мај, и до ден-денешен, ниту еден анимиран филм нема освоено „оскар“ за најдобар филм. Но наназад, во 1930-тите, Академијата сѐ уште се обидувала да најде начин како најдобро да ги награди „цртаните филмови“. Со номинација, единствено само за „оскар“ за оригинална музика на 10-та церемонија на доделувањето на „оскарите“ во 1938 година, овој филм, урнебесниот скапоцен камен на „Дизни“, се вратил повторно следната година на доделувањето на „оскарите“, кога Ширли Темпл му ја врачува почесната награда на Волт (една статуетка во оригинална големина и уште седум минијатурни) за „значајна екранска иновација што шармирала милиони и претставувала пионер во едно широко ново поле на забава“.
„Се работи за живот и смрт“, 1947 г.
Блескава воена фантазија на Пауел и Пресбургер рангирана помеѓу најдобрите филмови создадени некогаш, блескав дијамант во круната на британската кинематографија што дефинитивно ги спојува овој свет и следниот. А сепак, исто како и проколнатиот пилот на Дејвид Нивен, филмот се губи во маглата, одбегнувајќи го радарот на Академијата и не освојувајќи номинации. Во САД, филмот е издаден под името „Скали до рајот“, затоа што Американците, наводно, не сакале да бидат ништо што го содржи зборот „смрт“, навистина.
„Вертиго“, 1959 г.
Кога во 2012 година, чудниот чилер на Алфред Хичкок го помести „Граѓанинот Кејн“ од првото место на августовската анкета за најдобар филм на сите времиња во магазинот „Глетка и звук“, многумина беа зачудени. А сепак ни еден од двата филма Академијата не го призна за најдобар. „Граѓанинот Кејн“ изгуби од „Колку зелена беше мојата долина“ во трката за најдобар филм во 1941 година, додека, пак, „Вертиго“ беше номиниран само за „оскар“ за сценографија и звук.
„2001: Одисеја во вселената“, 1969 г.
Интерпланетарниот еп на Стенли Кјубрик можеби го промени ликот на модерниот филм, но неговите оскаровски триумфи беа лимитирани само на награда за специјални ефекти во 1969 година. Навистина, „2001“ не беше ниту номиниран во категоријата за најдобар филм, затоа што Академијата виде поголем потенцијал во „Ромео и Јулија“, „Рејчел, Рејчел“, „Лавот во зима“, „Смешна девојка“, и победничкиот „Оливер!“. Кјубрик беше номиниран за најдобра режија, но и покрај тоа што се смета за еден од најважните филмаџии на 20 век, како Хичкок и Велс, тој никогаш не ја доби таа награда.
„Егзорцист“, 1974 г.
Кога филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ на Џонатан Дем го освои „оскарот“ за најдобар филм во 1991 година, беше поздравен како прв хорор-филм што ја добил врвната награда (иако некои би рекле дека тоа е всушност психолошки трилер со додаден канибализам). А сепак, големиот татко на хоророт освои само два „оскара“, за звук и за адаптирано сценарио, губејќи од „Бодежот“ на Џорџ Рој Хил во категоријата за најдобар филм. Режисерот Вилијам Фридкин триумфира две години претходно со „Француската конекција“ обезбедувајќи си го местото во историските книги. Но „Егзорцист“ останува супериорно дело, редовно изгласано како најстрашен филм на сите времиња.
„Е.Т.“, 1983 г.
Оваа приказна за младо момче чии родители се разделени и кое наоѓа утеха во друштво на осамен вонземјанин, сентименталната научна фантастика (што е ривал на срцепарателната моќ на „Тивко трчање“) е несомнено најличното дело на Спилберг. Во свое време филмот имаше најголема заработувачка, надминувајќи го успехот на „Војна на ѕвездите“, и запечатувајќи се себеси врз срцата на сите што го погледнале. Иако номиниран за 9 „оскари“, „Е.Т.“ беше победен од „Ганди“, чиј режисер, Ричард Атенборо, подоцна изјави дека всушност „Е.Т.“ го заслужувал „оскарот“.
„Трејнспотинг“, 1997 г.
Адаптацијата на Дени Бојл на новелата од Ирвин Велш е дело што дефинира цела една ера, филм што опфати и формира еден момент од популарната културна историја. Како таков, беше токму таков тип дела што Академијата има тенденција да ги игнорира. Но сценаристот Џон Хоџ добри заслужена номинација за адаптирање на приказната на Велш во екранско злато, кое долго време ќе се цитира, седејќи на тенката линија помеѓу хуморот и хоророт. На 69-те „Оскари“, наградата за најдобар филм замина кај „Англискиот пациент“ на Антони Мингела. Избери живот, навистина!
„Треба да зборуваме за Кевин“, 2012 г.
Новелата за мајчинската вина и насилното „лошо семе“ на Лајонел Шрајвер, беше брилијантно пренесена на екран од страна на Лин Ремзи, која си обезбеди звучно име со признаениот „Ловец на стаорци“ и потценетиот „Морверн Калар“ и која неодамна го режира вчудовидувачкиот егзистенцијален трилер „Никогаш навистина не беше тука“. И покрај тоа што собра номинации за „бафта“ и „златен глобус“, и покрај феноменалната централна изведба на Тилда Свинстон, „Треба да зборуваме за Кевин“, остана сосема незабележан од гласачите на Академијата.
„Не оставај трага“, 2019 г.
Совршената приказна на Дебра Граник, за татко и ќерка што живеат надвор од мрежата во северозападниот дел на Пацификот, служи како уште еден потсетник дека наградите често ги игнорираат најзначајните филмови. Депресивно, исто така, дека за една година во која филмаџиите како Граник, Лин Ремзи, Клои Жао, Мариел Хелер и Џози Рурк ги исполнуваа условите, Академијата излезе со уште една целосно машка листа на најдобри режисери. Без разлика на сѐ, „Не оставај трага“ е особено совршена и недобивањето номинација е загуба за „Оскарите“.