Филозофското друштво на Македонија годинава го организира 9. Филозофски Филмски Фестивал, по трет пат со интернационална димензија.
Главната програма на ФФФ ќе се одржи во периодот 9-16 мај, во Кинотека со учество на повеќе домашни и интернационални гости – филозофи, професори, истражувачи и режисери.
Фестивалот институционално е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура и Градот Скопје.
Соработници на Фестивалот се Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Кинотека, МКЦ Скопје, како и три филмски академии: ЕФТА и ФДУ од Скопје и Филмската академија при УГД Штип.
Во реализацијата на годинешните активности значаен придонес имаат и: Гете-институтот Скопје, Францускиот институт во Скопје и Италијанската амабасада во Скопје.