Во Домот на АРМ во Скопје в сабота на 3 ноември ќе се одржи голем, спектакуларен концерт мјузикл „Песни од Коштана“ на македонското музичко дуо Силви Бенд.
Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија како проект од национален интерес во културата од областа на музичката и музичко сценска дејност за 2018 година.
Овој перформанс влегува во вековните проекти со рустичноста и древноста од 19. век.
Концертот почнува во 20 часот и ќе претставува вистинско доживување за сите љубители на убавата музика, исполнет со богати кореографии, прекрасни народни и традиционални носии, најубавите реплики на Митке и Коштана од истоимената драма, голем оркестар, многу фолклор и огромен перформанс на сцената со дваесетина луѓе.
Ликот на Коштана го толкува Силвана Мучиќ Плевнеш, а Митке го игра доајенот на македонската драма, Илија Струмениковски.