Оваа година по деветти пат ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ансамблот Билјана во предворјето на катедралната црква Света Софија во Охрид. Гости на годинешниот концерт ќе бидат естрадниот уметник Наум Петрески и градскиот мешан хор Vox Lychnidos од Охрид.
Ансамблот Билјана како четврта трубадурска генерација во Охрид тежнее кон зачувување и продолжување а воедно и унапредување на музичката традиција на градот.
Настанот започна како чествување на шеесет години од формирање на ансамблот од страна на Кузман Поп-Стефанија и континуирано се одржува до денес. Концертот ќе биде во духот на охридската градска песна а реномираните гости ќе придонесат овој настан да биде во полн сјај.
Концертот ќе се одржи во предворјето на катедралната црква Света Софија во Охрид на осми септември 2021 година со почеток од 20 часот. Поради ситуацијата со ковид-19 вирусот, билетите за настанот се резервираат на телефонот 076212680, а ќе можат да се подигнат пред почетокот на концертот.